Димитров: Процесот на пристапување во ЕУ е значително различен од тој при првите бранови на проширување

Од:

Денес во Брисел, Министерот за надворешни работи Никола Димитров, учествуваше на годинешниот форум „Европа – повторно на вистинската патека”, во организација на Центарот за европски политички студии.

Димитров учествуваше на две панел дебати: „Западен Балкан: црна дупка во Европа?” и „Копенхашката дилема на ЕУ: Заштита на владеење на правото пред и после пристапувањето?”.

Во своите излагања тој се осврна на процесот на европската интеграција на Република Македонија и регионот; и предизвиците на интегративниот процес, гледано во двете насоки – таа на Македонија и Регионот, но и таа на Брисел и земјите членки. Притоа ја потенцираше потребата од заемно препознавање на создадената можност и висок степен на ангажман за нејзина реализација: „Во Македонија се роди нова вистинска решеност за напредок. Одговорноста таа да се валоризира во дофатлив резултат е заедничка. Време е како Регион да се фокусираме на иднината и да влеземе во натпревар за тоа кој ќе овозможи подобро општество за своите граѓани, поквалитетно здравство и понапредно образование.“

Во поглед на Копенхашките критериуми и владеење на правото, Димитров заклучи дека денес процесот на пристапување во ЕУ е значително различен од тој при првите бранови на проширување на Унијата: „Критериумите за членство се зголемени, а известувањето е построго. Тоа само по себе го прави процесот поефикасен. Сепак, внесувањето на поголема искреност дополнително ќе придонесе за одржливоста на реформите, вклучително и владеење на правото.“

Своето учество на форумот министерот го искористи и за средба со заменик премиерот и министер за надворешни и европски работи на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс, и негово информирање со актуелностите во ЕУ-реформското досие на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија