Димитров: Посилен Западен Балкан води кон посилен Јадранско-јонски регион и кон посилна ЕУ

Од:

Посилен и поотпорен Западен Балкан води кон посилен и поотпорен Јадранско-јонски макро-регион, што пак води кон посилна и поотпорна Европска Унија, а блиската и одржлива соработка на сите нивоа ќе послужи како катализатор на овие процеси, истакна денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во обраќањето на Петтиот форум на Европската стратегија за Јадранско-Јонскиот регион на тема „Зајакнување на опоравувањето на Јадранскиот и Јонскиот регион преку соработка“.

– На патот кон ЕУ, Северна Македонија е особено посветена на регионалната соработка со земјите од Западен Балкан. Патот на соработка не е само мудар избор. Тоа е единствениот правилен избор за земјите од регионот и пошироко во борбата против пандемијата и во нашите напори да ја зајакнеме отпорноста на секој сектор погоден од Ковид-19, нагласи Димитров.

Тој се осврна на финансиската помош од ЕУ во остварувањето на целите на за справување со корона вирусот.

– Инструментите и механизмите за финансиска поддршка од ЕУ за справување со последиците од пандемијата во вредност од 3,3 милијарди евра за поддршка на регионот веќе даваат позитивен ефект како резултат на намалувањето на притисоците на националните буџети, посочи вицепремиерот Димитров.

Тој додаде дека во наредните седум години очекуваме проширена и подобро таргетирана поддршка во рамките на ИПА III, а особено преку приоритетите на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан, како и приоритетите на Јадранско-Јонската стратегија со предвидените девет милијарди евра за стимулирање на долгорочното економско закрепнување на регионот, зајакната поврзаност, зелена и дигитална транзиција, човечки капитал, конкурентност и инклузивен раст, зајакнување на регионалната интеграција и конвергенција со ЕУ, кои треба да придонесат за зајакнување на регионот.

На Форумот, меѓу другите, се обратија и еврокомесарите за соседска политика и проширување и за кохезија и реформи, Оливер Вархеји и Елиса Фереира, српската министерка за европска интеграција Јадранка Јоксимовиќ и словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар.

Република Северна Македонија стана дел од Европската стратегија за Јадранско-Јонскиот регион во април 2020 година.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа