Димитров организираше работен ручек за министрите на членките и набљудувачите на САД-Јадранската повелба

Од:

На маргините од Генералната дебата на Генералното собрание на ОН, министерот Димитров, вчера во Њујорк во улога на претседавач со САД-Јадранската повелба, организираше работен ручек за министрите за надворешни работи на членките и набљудувачите на Повелбата, со учество на американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Азија, Хојт Брајан Ји.

Настанот следуваше по одржувањето на Специјалниот состанок на шефови на Влади и Држави на членките и набљудувачите на САД-Јадранската повелба, што се одржа на 2 август оваа година во Подгорица. Фокусот на отворените и пријателски разговори беше ставен во евро-атланските аспирации и интеграции и напорите за проектирање стабилност.

Истиот ден, МНР Димитров оствари и повеќе билатерални средби и тоа со: МНР на Естонија Свен Миксер, МНР на Ирска Симон Ковени, со претставници на меѓународната невладина организација – Американскиот Еврејски Комитет и со Администраторот на УНДП А. Штајнер.

За време на средбите, министерот Димитров ги запозна соговорниците со новиот моментум во домашната и надворешната политика и силната решеност да се успее на патот кон стабилност, прогрес и интеграција во клубот на развиените демократии. Притоа ги информираше и за свежиот позитивен динамизам од македонска страна кон соседите, водени од максимата дека регионот или заеднички ќе се издигне и успее, или пак заеднички ќе падне на испитот.

Со претставниците на Американскиот Еврејски Комитет, покрај другото беа разменети и мислења за состојбите во балканскиот и блиско-источниот регион, а беше потврдена и континуираната одлична соработка и подготвеноста и можностите за меѓусебна поддршка.

Со својот естонски колега, кој се очекува да ја посети Република Македонија на почетокот од ноември и чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ, стана збор европската перспектива на Македонија и областите во кои Естонија најдобро може да пружи експертиза и поддршка. Беа разменети мислења и за билатералнта соработка меѓу двете земји и можностите за нејзино натамошно унапредување.

МНР Димитров и МНР Симон Ковени си упатија заемна покана за посета на Македонија и Ирска, а за време на срдечната средба за запознавање стана збор и за најразлични прашања од областа на билатералната и мултилатералната соработка, сличностите меѓу двете земји, актуелни состојби во ЕУ и позитивното искуство кое Република Македонија би можела да го преземе од Ирска, која продолжува да биде силен поддржувач на проширувањето на ЕУ.

Со УНДП администраторот Штајнер, меѓу другото беа разменети мислења околу идната стратегија за помошта која УНДП им ја обезбедува на земјите преку развојните програми, при што и двајцата се согласија дека истата треба да биде фокусирана и во согласност со потребите на земјата.

Димитров во придружба на ПВРМ Заев учествуваше и на билатерлна средба со Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, а вечерта го придружуваше Премиерот на настан организиран од УНДП и швајцарската агенција за развој и соработка, којшто се одржа на Универзитетот Колумбија во Њујорк. На настанот главен говорник на темата “Нов почеток за Балканот: демократска обнова и обнова на животната средина во согласност со Целите за Одржлив Развој” беше претседателот на Владата на Република Македонија, а во таа прилика беше прикажан и наградуваниот документарен филм “Езеро на јаболка” посветен на напорите за спасување на Преспанското езеро, како и изведба на музика од страна Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски