Димитров од историската комисија: Антибугарските напади во Македонија се непрекинати

Од:

Копретседателот на мешовитата историска комисија, професорот Ангел Димитров од Софија, повторно се обиде да ги премине своите надлежности и како што еднаш посочија неговите македонски колеги, проблемите од институционално и експертско ниво да ги издигне на политичко ниво.

Нему му засмета однесувањето на Србија како влијателен играч на Балканот и нејзините односи со Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово која е најжешката точка на интерес, а посебно му смета односот на ЕУ кон Белград.

– Проблемите во Западен Балкан остануваат. Ревизионизмот не исчезна. Тоа го гледаме во однесувањето на Белград. Донекаде сум изненаден од овој континуиран политички момент на односи кон најголемата земја на Западен Балкан. Многу порешително треба да биде однесувањето на Брисел и на повлијателните земји кои имаат директни контакти и можат да влијаат на настаните во регионот – вели Димитров.

За него најсериозен проблем сепак е Македонија и нејзиното поведение во односите со Бугарија.

– Она што мене лично ме загрижува, бидејќи ми е во центарот на вниманието, е што не ги гледам потребните политички сигнали за некаква промена во нивното политичко однесување и во начинот на кој комуницираат со Бугарија, дури и по сигналот што беше даден од Европската Унијата за време на француското претседателство. Ова за мене е многу сериозен проблем, а кога се вели дека овие антибугарски перманентни напади во последните месеци против бугарските културни клубови и против поединечни луѓе беа последователни потреси на бугарската позиција за брзото прифаќање во ЕУ, тоа зборува или за целосно незнаење или веројатен недостаток за самокритика – додаде копретседателот на историската комисија, Ангел Димитров.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Никогаш нема да се повлечеме од преговори со ЕУ, цел на оваа Влада е државата да стане дел од Унијата

Фон дер Лајен: ЕУ, САД и НАТО ја зајакнаа својата заедничка позиција за Украина

Горан Наумовски

Европските лидери поставија пет услови пред средбата Путин-Трамп

ЕУ подготвува нови санкции кон Русија

Калас: Нема отстапки додека Русија не се согласи на безусловно примирје

Орбан: Единствен разумен потег на лидерите на ЕУ е да започнат самит ЕУ-Русија