(ВИДЕО) Димитров: Ниту Бугарија, ниту ние не сме целосно среќни, но се однесуваме европски

Од:

Договорот со Бугарија ги покрива нашите најважни национални интереси, а ги содржи и бугарските интереси. Овој ден има убава симболика, на денешен ден Бугарија ја призна Република Македонија, изјави Министерот за надворешни работи, Никола Димитров пред гласањето за ратификација на договорот со Бугарија.

-Факт е дека ниту ние, ниту Бугарија не сме целосно среќни, но исто така факт е дека двете држави растат. Праќаме сигнал дека може да се однесуваме европски, вели Димитров.

Според првиот човек на македонската дипломатија, договорот предвидува сестрани односи. развој на соработка за мир и стабилност во регионот, проширување на транспортните врски, активна соработка во културата, образованието и заеднички чествувања на историски настани и личности.

Димитров повика да не се поттикнуваат непријателски дејствија и рече дека е важно кон соседите да се однесуваме пријателски.

Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не беше присутна во Собранието при ратификување на договорот со Бугарија.

-Ќе беше убаво опозицијата да биде тука, во следниот период очекуваме кооперстивност од нивна страна, рече Димитров.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати