Димитров: Најавата за моја интерпелација е очаен обид за создавање раскол во Владата

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во објава на Фејсбук ја оцени најавата на ВМРО-ДПМНЕ за поднесување интерпелација за неговата работа во Собранието како „очаен обид за создавање внатрешен раскол во Владата и во овој контекст директен напад кон самата држава и нејзините институции“.

– Веројатно ќе беше разочарување само за членството и за симпатизерите нивото на кое е паднато Здружението што се претставува како политичка партија, ама фактот што таа групација претендира да е вистинска политичка алтернатива го прави нивното гротескно дејствување дебакл. Дебакл и за општеството и за целата демократија, наведе Димитров.

Тој оценува дека најавата за интерпелација во период кога државата е соочена со сериозни предизвици, а тој лично е мета на напади од разни центри што директно се борат против македонските интереси, всушност „само помага самите тие да се нацртаат во графата каде суштински припаѓаат – рамо до рамо токму со тие центри, како тотални политички и државни деструктивци, изгубени и прегазени од чекорот на времето и процесите што им се одвиваат пред нос, додека тие во своите антимакедонски лаборатории го создаваат она од што и самите се изградени – интриги, завери, лаги и конструкции“.

– Очајниот обид за создавање на внатрешен раскол во Владата е на иста линија и оди далеку над политичката прагма и нивната битка против нас како политички противници. Во ова историско премрежје и овој контекст, ова е директен напад кон самата држава и нејзините институции како столбови и носители на суверенитетот. Најголемиот пораз за нив, сепак е вистината и фактот што во сите битки на македонската држава денес, предавниците никогаш не биле на оваа страна од приказната. Тоа ќе го суди и историјата, ама и блиската иднина. Таа тежина е залепена за нивните плеќи и со (само) залажувањето дека е на туѓите станува само поголема и поопасна. Нека си ја носат!, истакнува Димитров во објавата на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит