Димитров: Македонскиот јазик го вративме во нацрт-преговарачката рамка

Од:

Во рамки на собраниската расправа по интерпелацијата на вицепремиерот Никола Димитров, пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Рахела Мизрахи го повтори ставот дека таа е резултат на немањето датум за безусловен почеток на преговорите за членство во Европска Унија што требаше да биде означена со првата македонско европска меѓувладина конференција. Според неа, Димитров не само што ја загрозил европската иднина туку и европската перспектива на државата.

-Одговорност мора да има. Политичка одговорност е основ и услов за обезбедување иднина на една држава затоа што за господинот Димитров законите не постојат. Еден пример е договорот од Нивици без намера да навлегувам во неговата содржина едно е факт, Димитров потпиша договор без да биде овластен од претседателот на државата што е инаку нормална уставна постапка. Затоа што едно изјавувате друго правите а трето се случува и тоа се случува за целата држава. Господине Димитров вие ја загрозивте не само македонската иднина и европската перспектива. Вие го загрозивте постоењето на македонскиот народ, историја, јазик и држава, рече Мизрахи.

Реплицираше вицепремиерот Димитров кој истакна дека во МНР е од 1 август 1996 година и од тогаш до 3 февруари 2021 година – негова мисија е македонската кауза, а во однос на заштитата на македонскиот идентитет и јазик посочи дека македонскиот јазик што го изгубивте во 2006 година е вратен лани во нацрт-преговарачката рамка.

-Јас не сум бил член и уште не сум на ниту една политичка партија. Мене македонската кауза ми е животен повик. Ајде сега да видиме таа кауза каде беше претходно, со сите грешки и слепила направени од слепила, дали зла намера не сакам да верувам, каде е денеска… Бевме Поранешна Југословенска Република Македонија во светското семејство и во сите меѓународни владини организации, државјанството ни беше на ФИРОМ… Денес сме Северна Македонија и на Република Северна Македонија, не сме Тунгузија, нашата држава, нашата територија за која немаме спорови е во северниот дел на регионот, поширок регион Македонија, заедно со други држави… Македонскиот јазик си е во нашата лична карта и ја заокруживме државноста и членството во Обединетите Нации, рече Димитров.

А, акедонскиот јазик што го изгубивте во 2006 година е вратен лани во нацрт-преговарачката рамка и ние како Македонци кои зборуваат македонски јазик ќе успееме и со европската интеграција бидејќи знаеме како, покажавме, рече Димитров.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште