Димитров: Македонија го признава Гуаидо за привремен претседател на Венецуела

Од:

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров се огласи преку „Твитер“ за позициите во однос на случувањата во Венецуела, давајќи му поддршка на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој неодамна се прогласи за времен претседател на државата, а досега е признат од 11 европски земји.

„Република Македонија, во согласност со своите европски партнери, го поддржува и го смета претседателот на Собранието на Венецуела, Хуан Гуаидо за времен претседател, согласно Уставот и со цел да организира слободни, фер и демократски претседателски избори“, напиша Димитров на „Твитер“.

Досега 11 земји членки на ЕУ го признаа Гуаидо за привремен претседател на Венецуела. Претходно, Италија го блокираше нацрт соопштението на ЕУ во кое се наведува дека сите земји членки на Унијата ќе го признаат Гуаидо за привремен претседател на Венецуела. Спротиставувањето на Италија спречи да се донесе единствен став на ЕУ за Венецуела.

ЕУ му даде рок, што истече на полноќ, на Николас Мадуро да распише нови претседателски избори, во спротивно ќе го признае опозиционерот Хуан Гуаидо како легитимен привремен претседател додека тој не организира нови избори. Мадуро вчера го одби ултиматумот на ЕУ.

Европскиот парламент исто така минатиот петок го призна опозиционерот Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 5.069

Бројот на жртви од двата земјотреси во Венецуела се искачи на 4.829

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна 4490 загинати

А1он

Се зголемува бројот на жртви од земјотресот во Венецуела

Горан Наумовски

Бројот на жртви во Венецуела надмина 3.300

Горан Наумовски

ВИДЕО: Земјотресите во Венецуела одзедоа речиси 3.000 животи, спасувачите ја завршуваат потрагата по преживеани