Димитров: Македонија е пример како не треба да се спроведува процесот на проширување на ЕУ

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска на Блед на состанокот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа посочи дека Македонија е пример како не треба да се спроведува процесот на проширување на ЕУ.

– На Македонија може да се научи лекцијата што не треба да му се прави на Западен Балкан. Потпишавме спогодба во 2001 година, станавме кандидат пред 12 години и сите успеси од тогаш се игнорирани поради политичкиот проблем со една земја-членка на ЕУ. Потоа дојде до запирање на реформите и ескалација во која граѓаните влегоа во Собранието. Тоа е тоа што може да и се случи на една земја кога нема перспектива, рече Димитров.

Како што јави ТАНЈУГ, шефот на македонската дипломатија нагласи дека Македонија е и пример што ќе се случи кога ќе се „омекне“ извештајот за напредокот на државата, кога нема доволно искреност и еволуција на состојбата, како и кога една земја ќе ги запре реформите.

– Македонија отсекогаш е на вистинската страна во историјата, а во последните три години успеавме само да направиме хаос. Затоа апелирам земјите-кандидати за ЕУ, реформите да ги сфатат сериозно, а пак земјите-членки кон проширувањето да гледаат сериозно, истакна Димитров.

Би можело да ве интересира

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

65-годишен скијач од Словенија тешко се повреди на Шар Планина

Горан Наумовски

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија