(ВИДЕО) Димитров – Лииметс: ЕУ да го исполни ветеното и да ги отвори преговорите со С Македонија

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, таботната посета на Естонија, ја почна изутрината во Талин со средба со министерката за надворешни работи Ева-Мариа Лииметс.

Димитров и Лииметс разговараа за клучните аспекти од европското досие на Северна Македонија со фокус на изгледите за што побрз пробив на евроинтегративниот пат, за што Естонија конзистентно изразува поддршка, соопшти СЕП.

-Естонската приказна е многу успешна и Северна Македонија може и треба многу да научи од пријателска Естонија. Естонија е пример за тоа како една земја може да се развие и напредува, искористувајќи ги сите расположливи капацитети. Денес, во Талин, од мојата колешка Ева-Марија уште еднаш добив уверување дека Естонија ќе продолжи безрезервно да не’ поддржува во процесот на европеизација на нашето општество, истакна Димитров на средбата со Лииметс.

Напомена дека Северна Македонија направи големи чекори во последниве години, како на реформски план, така и во однос на затворањето на тешки билатерални прашања. Токму поради тоа, се очекува и Европската Унија конечно да ги исполни своите ветувања. Тој додаде дека шансите за ревитализирање на политиката на проширување на ЕУ се во македонскиот случај, кој претставува вистински тест за сериозноста на Унијата и нејзиното влијание во регионот.

Министерката Лииметс ја реафирмираше принципиелната поддршка за европската иднина на нашата земја и спремноста за споделување на успешното естонско евроинтегративно искуство. Таа нагласи дека е неопходно Европската Унија доследно да ја примени новата Методологија за пристапување и да ги разгледа сите можности за што поскоро да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија.

Воедно, на средбата соговорниците разговараа и за продлабочување на соработката меѓу земјите преку техничка и експертска поддршка, особено фокусирајќи се на споделување на естонските искуства од процесот на дигитализација, соопштија од СЕП.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

Орце Костов

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

Орце Костов

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска

Вицепремиерот Маричиќ во Брисел на првиот билатерален скрининг состанок

Ана Ололовска