Димитров: Ќе сториме се Извештајот на ЕК во јуни да го преточиме во политичка одлука

Од:

Успеавме да добиеме досега најуспешен извештај од Европската комисија и ќе сториме се што можеме во јуни да го преточиме во политичка одлука, порача вечерва шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на свеченото одбележување на Денот на Министерството за надворешни работи.

Министерот нагласи дека Македонија сега е модерна, стабилна и европска демократија која секогаш го бира патот на мирот и дијалогот.

Предизвиците остануваат, рече Димитров, и потсети дека на 27 април беше одбележана една година од нападите во Собранието кога, како што рече, демократијата на земјата била ставена до бездна.

Потсети дека на 29 април 1969 година било формирано Биро за односи со странство кое со текот на годините стана денешното Министерство за надворешни работи.

Денот на МНР беше одбелжан во присуство на претставници на дипломатскиот кор, врботени во Министерството и претставници на медиумите.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија