Димитров и Османи на работен појадок со министри за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ

Од:

Во организација на министрите за надворешни работи на Бугарија и Шведска, денес министерот за надворешни работи Никола Димитров и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи учествуваа на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија во неформалниот формат – Пријатели на Македонија.

Дискусиите на работниот појадок беа фокусирани на перспективите на Република Македонија во контекст на отпочнувањето на пристапните преговори за членство во ЕУ, како и заложбите на Владата за постигнување на суштински напредок во имплементацијата на реформите и унапредувањето на добрососедските односи.

Димитров и Османи изразија благодарност на домаќините (МНР на Бугарија и Шведска) за организирање на состанокот, со кој се овозможува директно информирање на земјите-членки за внатрешниот развој на настани во Македонија, пет месеци по формирањето на Владата.

Информираа за досегашниот напредок во спроведувањето на реформите, како и за плановите на Владата и очекувањата во наредниот период. Ја истакнаа потребата за поддршка од страна на земјите-членки и институциите на ЕУ за постигнување на долгоочекуваната цел – што поскоро отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

“Успеавме да се вратиме на нашата европска патека, а ЕУ успеа да го возобнови политичкото внимание на Балканот. ЕУ има одговорност да ја потврди нашата европска иднина, а ние сме одговорни за судбината на тој пат. Постоењето на магичната фраза – политичка волја, реформската ориентираност и поддршката од нашите европски пријатели се клучни за запечатување на нашата европска иднина. Ние имаме втора шанса да успееме, а нашите пријатели од Брисел имаат шанса да ги убедат скептиците во успешноста на пристапниот процес.” – изјави МНР Димитров.

Како клучни моменти од суштинско значење за Македонија во претстојниот период беа подвлечени следните настани: објавувањето на Стратегијата на претседателот на ЕК, Јункер за ЕУ перспективите на Западен Балкан (февруари 2018); извештајот на ЕК за напредокот (април 2018) и самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија за време на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ, во мај 2018г.

На работниот појадок присуствуваа комесарот Хан и сите земји членки, од кои 13 на ниво на министри за надворешни работи.

Во рамки на посетата на Брисел, денес министерот Димитров ќе оствари и билатерални средби со министрите за надворешни работи на Велика Британија, Португалија и Грција.

Би можело да ве интересира

Трамп: Најголем договор досега

САД и ЕУ постигнаа трговски договор

Горан Наумовски

Трамп: САД и ЕУ имаат добри шанси да постигнат трговски договор

ЕК покрена три нови постапки против Бугарија поради кршење на прописите на ЕУ

А1он

ЕУ: Веруваме дека сме блиску до договор со САД за царините

Горан Наумовски

Политико: Администрацијата на Доналд Трамп ја обвинува Европа за „орвеловска“ цензура