Димитров и Каевски: 16 милиони евра за спортски ваучер и стаж за спортистите

Од:

Никола Димитров, носител на кандидатската листа за пратеници во ИЕ1 на коалицијата „Можеме“, заедно со кандидатите за пратеници Дарко Каевски и Горан Мисовски, како и градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски денеска се сретнаа со спортски работници од Кисела Вода.

-Нема поголем амбасадор од спортот. Спортска нација е и здрава нација. Оттука, инвестиции во спортот се истовремено и инвестиции во здравјето, рече Димитров.

Тој најави продолжување на вложувањата во спортот.

– Спортскиот ваучер, како дополнителен извор за финансирање на спортот кој значително го подигнува нивото за развој на квалитет и ја зголемува финансиската моќ на спортските клубови во моментов изнесува 10 милиони евра, кои веќе се распределени кон спортските федерации, спортските клубови и индивидуалните спортисти, преку системот спортски ваучер за 2020 година, рече Димитров.

До крајот на 2024 година, според Димитров, овој фонд ќе се зголеми и ќе изнесува 16 милиони евра.

-На овој начин клубовите и федерациите можат да обезбедат сигурен партнер во финансирањето на нивните програми, рече Димитров.

Кандидатот за пратеник Дарко Каевски рече дека во програмата на коалицијата „Можеме“ се предвидува и признавање на стажот на спортските работници и оти на овој начин тие ќе бидат обезбедени и по завршување на нивната спортска кариера.

На средбата се зборуваше за капиталните инвестиции во спортската инфраструктура кои што се реализирани во последните три години, меѓу кои реконструкции на повеќе од 20 спортски објекти низ земјава, изградба на 14 затворени пливачки базени од кои шест веќе се градат, како и изградба на 10 кошаркарски игралишта во десет општини.

Би можело да ве интересира

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски