Димитров и Дармановиќ потпишаа договор за уредување не меѓусебните имотно-правни односи меѓу Македонија и Цран Гора

Од:

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, му беше домаќин на министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, кој престојува во работна посета на Република Македонија.

ѓДимитров се заблагодари за поддршката на Црна Гора и изрази уверување дека со ратификацијата на Договорот од Преспа, Република Македонија ќе стане 30-та земја членка на НАТО Алијансата, веднаш по Црна Гора. Дармановиќ ја рефирмираше поддршката од Црна Гора за евро-атлантските интеграции на Република Македонија, истакнувајќи го напредокот во регионот со постигнување на Договорот помеѓу Македонија и Грција.

На пленарните разговори меѓу делегациите на Република Mакедонија и Црна Гора, предводени од Министрите за надворешни работи, беа разменети мислења за сèвкупните билатерални односи меѓу двете држави, можноста за унапредување на односите во сите сфери од заемен интерес, со акцент на економијата, земјоделството и туризмот, како и за соработката на регионален и мултилатерален план.

Во рамки на посетата, министрите Димитров и Дармановиќ потпишаа Договор меѓу Република Македонија и Црна Гора за уредување на меѓусебните имотно-правни односи.

Во текот на вториот ден од работната посета, на свечена церемонија на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, на МНР Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, ќе му биде доделена престижната титула Почесен доктор на науки.

Би можело да ве интересира

Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

А1он

Пет земји ставија печат на застојот во преговорите на Црна Гора со ЕУ

Македонката што прегази куче во Црна Гора осудена на 45 дена затвор

Катерина Ѓуровски

Огнена стихија во БиХ и Црна Гора: Сараево се задушува во густ чад

Горан Наумовски

Полицијата откри дека Шабуњин прво го уби инструкторот, а потоа и двајцата помошници

Горан Наумовски

Се самоуби рускиот државјанин осомничен за тројно убиство во Црна Гора