Димитров: Бугарското вето за Македонија е и вето на европската политика на Балканот

Од:

Иницијативата Отворен Балкан е комплементарна со европската интеграција. Отворен Балкан значи дека границите ќе бидат помалку значајни и дека ќе се искористи потенцијалот за зголемување на економскиот раст, кој со поголемата стабилност се аргументи во прилог на евроинтеграциите, изјави вицепремиерот Никола Димитров на новинарско прашањ на прес-конференцијата по состанокот на иницијативата Отворен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

-Убеден сум дека иницијативата Отворен Балкан е комплементарна со европската интеграција, кажа Димитров одговарајќи на прашањето дали мисли дека Отворениот Балкан на некој начин е „затворена ЕУ“ за Северна Македонија и Албанија, бидејќи на тие две земји им е блокиран датумот за почеток на преговорите со ЕУ.

Димитров посочи дека, за жал, тешко е да се најде земја што има полош, односно подобар пример од Северна Македонија – за тоа што се случува кога ЕУ не ги исполнува своите ветувања.

-Тогаш европското гласачко ливче не станува атрактивно и граѓаните губат верба дека би можеле да имаат европска иднина, изјави Димитров.

Како што кажа, во последно време самиот себе се коригира дека не е фер да се критикува целата Унија, бидејќи проблемот на неговата земја е само со една земја членка.

-Во пакетот за проширување, Европската Комисија кажа дека одложувањето на процесот на интеграција со Северна Македонија и Албанија го поткопува кредибилитетот на ЕУ во целиот регион. Но, тоа вето не е само вето на нашата европска иднина, туку и на европската политика на Балканот. Тоа е вето на македонското и бугарското пријателство, кажа Димитров.

Регионалната соработка, вели тој, е она што може да се направи во меѓувреме, додека чекаме ваквите прашања да се решат во ЕУ.

-Целта на европската интеграција е мојата татковина да стане посилна, регионот да стане посилен, за да имаме посилни демократии, поправедно општество и на тоа мора да работиме индивидуално. Влоговите стануваат се поголеми, но тие не се само наши и регионални, изјави Димитров.

Тој додаде дека ако ЕУ сака да стане глобален учесник, тогаш не смее да има неуспеси на локално ниво.

-Регионот е локален проблем. Ако не можат да дејствуваат овде, тогаш не можат да дејствуваат ниту глобално, оцени Димитров.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк

Има очекувања на некои радикални елементи во нашата структура за повлекување од меѓународни договори и преговори – тоа би било идеално доколку сме ние сами на овој свет, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Марта Кос: Македонија мора да го исполни ветувањето и да ги внсе Бугарите во уставот

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Се водат разговори „под радарот“ за да се одблокира европскиот пат на земјава