Димитров-Блумел: Интегрирањето на земјите од Југоисточна Европа во ЕУ е инвестиција во мирот, демократијата и стабилноста

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денес, во Скопје, оствари средба со сојузниот министер за ЕУ, уметност, култура и медиуми на Република Австрија, Гернот Блумел, во рамките на неговата посета на Република Македонија во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ.

На средбата, Димитров го информираше министерот Блумел за текот на домашните реформи, очекувањата во правец на интеграцијата во ЕУ и актуелните внатрешно-политички состојби, со акцент на спроведувањето на претстојниот референдум во врска со Договорот меѓу Република Македонија и Грција.

Димитров изрази благодарност за посебниот интерес на австриското Претседателство за приближување на земјите од Југоисточна Европа кон ЕУ во рамките на процесот на проширување, што се смета за стратешка инвестиција во мирот, демократијата, просперитетот, безбедноста и стабилноста во Европа.

„Благодарни сме за континуираната поддршка на Австрија во ЕУ-интегративниот процес на Македонија, како и за целокупниот ангажман на Владата на оваа земја во валоризирање на нашите постигнати резултати и во промовирањето на нашите европски и евро-атлантски аспирации изминатиов период“, рече Димитров

Би можело да ве интересира

МНР реагира за Михаилова: Владеењето на правото не смее да биде селективно

Горан Наумовски

Уапсен е австриски државјанин на „Табановце“, во неговото возило е пронајдено оружје

А1он

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“

Украдениот хеликоптер од Австрија детектиран во Хрватска: сопственикот бара помош во потрагата

Освои 12 милиони евра, но веќе два месеци не ја подигна добивката

А1он

Фиктивна фирма, лажни документи и милионски пратки: Австрија откри како воена опрема стигнува до Русија