Димитров алармира дека по секоја цена ќе се решава спорот со Бугарија: Не му верувам на Бујар Османи

Од:

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров кажа дека бил пречка за лошо решение со Бугарија, а посочи дека нема доверба во министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Според Димитров, министерот Османи сакал успех по секоја цена да се реши прашањето со Бугарија. Димитров додаде: „Прашањето е поважно од Владата, од оваа, од следната, од сите“.

„Да, немам целосна доверба во министерот за надворешни работи во однос на прашањето со Бугарија, со оглед на моето искуство на интерните координации, средбите во Брисел. Имам чувство дека таму има ‘драјв’ за успех по секоја цена, што мислам дека е опасен и непродуктивен. Можеби грешам и се надевам дека грешам“, кажа Димитров.

Посочи дека македонскиот јазик е интимна работа и е наш, а државата е независна, па затоа, право и должност е достоинството да се зачува. Тој кажа дека одбил понуда да биде амбасадор во Вашингтон и рече: „Тоа не само што ќе ме тргнеше од дома, туку и ќе ми го врзеше зборот“. Тој додаде: „Има причини и потреба од посебна будност за ова прашање“.

„Прочитав од портали, па дознав од амбасадори, па имав средба со мандатарот Ковачевски, така дознав. Одговорноста значи да бидете гласен внатре. Од друга страна мислам дека има јавен интерес за овие работи да се зборуваат отворено. Чекав бидејќи мислам дека беше важно да не се повлечам самиот. Можеби ќе беше полесно да кажам дека не се гледам во новата Влада, но беше важно мандатарот да каже. За сите работи ќе зборувам отворено, свесен за одговорноста и значењето на прашањето никогаш нема да наштетам, но ќе ја следам работата“, додаде Димитров.

Тој посочи дека позициите кои денес ги искажал ги има од самиот почеток.

„Обидот да има заострување на позицијата не успеа во смисла на споменување на бугарската заедница во нашиот Устав и тоа да биде направено пред да почнат пристапните преговори го нема во заклучоците. Но позициите се држат такви какви што беа од самиот почеток. Како држава треба да се прашаме дали е умно, мудро, толку голема енергија да ставаме во ова прашање. Мислам дека ќе биде мудро да останеме отворени за дијалог, но не да бидеме преокупирани во јануари или јуни, туку енергијата да си ја вложиме дома. Мислам дека огромен дел од нашата енергија мора да оди дома, за ова прашање треба да сме спремни за достоинствен дијалог, а нашите позиции да ги темелиме на европските принципи и меѓународното право. Ние сакаме да сме пријатели со Бугарија, но мора да не почитуваат“, посочи Димитров.

Најави дека ќе биде брутално остар, а прашањето е преважно за да има политички суети.

За одговорот на 5+1 точките до Бугарија кои беа услов за почеток на преговори со ЕУ, Димитров вели: „Одговорите беа предмет на тешки консултации, интерни, од наша страна. На крајот успеавме да изградиме заеднички став. Ако решението се темели на тие одговори, ќе имаме достоинствено решение на проблемот. Јас инсистирав и нова точка, Бугарија да се обврзе дека ќе ја одобри преговарачката рамка, дека ќе даде зелено светло за првата меѓувладина конференција. Тоа влезе во одговорот“, додаде Димитров.

Во планот 5+1 за деблокада на македонските евроинтеграции, Бугарија на Македонија и постави неколку услови, меѓу кои немешање во внатрешните прашања во државите, воведување конкретни механизми за спречување на говорот на омраза, продолжување на работата на комисиите, но и вметнување на Бугарите во македонскиот Устав.

Тој посочи дека на седниците на Владата имал различни мислења во однос на важни прашања. Димитров посочи дека лојалноста е проблем за коалицијата на СДСМ и додаде: „По оставката на Заев, дел од нашите меѓународни пријатели се јавија со поддршка јас да ја преземам Владата, пораки кои не беа прифатени со следново објаснување на кажано дел од вас новинарите: сум бил нереален идеалист, премногу принципиелен и не сум се разбирал од меѓупартиски пазари. За мене овие критики се комплименти иако за овие политички особини нема во идната Влада, мора да им најдеме место во македонската политика и македонското општество“.

„Апсолутна почит за македонскиот јазик, како еднаков на сите јазици, како и европска интеграција потпрена врз столбови и критериуми. Ова прашање е моја живна мисија. Поддршката што С. Македонија ја има од 26 земји членки во однос на македонските позиции кон соседна Бугарија не падна од небо, на неа работев посветено и постојано, тоа го признаваат и во Софија. Кому и зошто пречат резултатите од таа работа, можеби и не е тешко да се претпостави. Не е тајна, дека моите позиции беа различни на многу теми – од мерките против пандемијата, преку ставови за легализација на дивоградбите, медиумските политики, јавни конкурси за важни позиции наместо партиски пазари, па се до главното казнивост и одговорност“, кажа Димитров.

Би можело да ве интересира

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов