Димитриевски: По одржувањето на седница на највисоките тела на Движењето ЗНАМ ќе биде соопштен ставот за кандидатите за градоначалници

Од:

По одржувањето на седница на највисоките тела на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ќе биде соопштен ставот за кандидатите за градоначалници, за останатите општини, рече денеска претседателот на политичкиот субјект ЗНАМ, Максим Димитриевски во Куманово, одговарајќи на новинарски прашања.

Димитриевски се заблагодари за отворената поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за кандидатите за градоначалници за општините Куманово и Центар.

– Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на нашите коалициски партнери коишто јавно и отворено на политичкиот субјект од којшто доаѓам, движењето ЗНАМ-За наша Македонија, дадоа јавна и отворена поддршка на нашите кандидати во овие две општини. Што се однесува до остатокот и одговорот на вашето прашање, денеска движење ЗНАМ ќе одржи седница на највисоките органи на паријата и потоа ќе излезе со свој став во јавноста, рече Димитриевски на денешниот отчет во Куманово.

Би можело да ве интересира

Минчев: Граѓаните не живеат од ветувања, туку од резултати што ги чувствуваат

ЗНАМ предлага измени на Законот за семејството: Посвоените лица да можат да добијат информации за своето потекло

Ѓубрето од Куманово се носи на Дрисла

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

Димитриевски: Не влеговме во Владата за фотелји!

А1он

Димитриевски: ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата