Димитриеска Кочоска: Министерката Ангеловска ми нема одговорено на ниедно барање

Од:

Дополнителната заменик-министерка за финансии од редовите на опозицијата Гордана Димитриеска Кочоска реагира на прес-конференцијата на министерката Нина Ангеловска која изјави дека буџетот е во добра кондиција.

„Зошто се оди кон задолжувања ако Буџетот е во добра кондиција? Дали таа зема кредити за да има одредена комоција, а после тоа чека да дојде денот да врати друг кредит и при тоа плаќа и камата на кредитот кој што го земала, а ја плаќа каматата и на кредитот којшто ќе го раздолжи во некој иден период“, праша Димитриеска Кочоска и додаде дека не може да се земаат кредити ако има ликвидност на Буџетот.

Во врска изјавата на Ангеловска, дека има професионална и коректна соработка со дополнителната заменик-министерка, Димитриеска Кочоска рече дека сите барања што ги има упатено до министерката не се одговорени.

За тврдењето на Ангеловска дека каматните стапки се ниски, а во минатото биле високи, дополнителната заменик министерка потсети дека каматните стапки се формираат на меѓубанкарскиот пазар на пари каде што еуриборот е основата на која што се додава одреден процент на ризик и на основ на тоа се формираат каматните стапки. Во моментот еуриборот е во минус, а, како што нагласи Димитриеска Кочоска, ние повторно плаќаме позитивни камантни стапки.

„За она што го кажа Ангеловска, дека побарувачката за државните записи на 14 јануари била многу поголема отколку понудата, ќе посочам дека ова е жално да го каже министер за финансии од причина што кога банките имаат вишок на ликвидност – да, тие даваат поголема побарувачка, бидејќи немаат каде да ги пласираат парите, а зошто немаат каде да ги пласираат парите заради тоа што фирмите тонат. Да ги погледнеме податоците од Народна банка и да видиме какви реструктуирања прават во кредитите, тонат во проблеми со ликвидност, немаат никаков интерес за инвестирање од оваа хаотична бизнис-клима и токму заради тоа побарувачката на 14 јануари беше толку повисока во однос на понудата“, рече дополнителната заменик-министерка за финансии.

Би можело да ве интересира

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2025 година обезбедува непречено функционирање на институциите и државата

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски

Трендафилов: Во Буџетот за 2025 се планирани пари за поголеми плати