Во текот на вчерашниот ден во Македонија е екстрадиран велешанецот Павле М. (43) за кого на 13.06.2013 година беше распишана меѓународна потерница.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, станува збор за лице кое подолг временски период е инволвирани во недозволена тровија со дрога и во рамки на неколку истраги насочени во борбата против недозволената трговија со дрога беше предмет на работа на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.
Во текот на 2012 година разбиена е меѓународна криминална група составена од македонски државјани која се занимаваше со организирање на транспорти на хероин на релација Македонија – до земјите од западна Европа со крајна дестинација – Шпанија, при што на 31.03.2012 година на ГП Богородица беа запленети 2,460 килограма хероин и беше поднесена кривична пријава против осум лица членови на групата.
Во рамките на оваа група Павле М., како што се наведува во соопштението од МВР, тој беше еден од организаторите на транспортот на хероинот за што му е поднесена кривична пријава и во отсуство на 29.04.2013 година е осуден на казна затвор во траење од 10 години за извршено кривично дело – “недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“.
По бегството од Македонија Павле М. бил недостапен за органите на прогон за што беше распишана меѓународна потерница. – Павле М. по бегството од нашата државата престојувал и живеел во градот Петрич, Бугарија каде што се стекнал со бугарско државјанство и каде што продолжил со криминалните активности поврзани со недозволената трговија со дрога. Изминатава година Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал работејќи на сузбивање на организирана криминална група чии членови оперираат и делуваат од територијата на Македонија, Бугарија и Албанија, и беа инволвирани во организирање на транспорти со наркотична дрога марихуана, кокаин и хероин заради понатамошна продажба, како еден од членовите и организатор на истата го идентификуваше Павле М., се наведува во соопштението.
Павле М. врз основа на кривични пријави во 2009 година година, за сторени кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога, бил осуден на казна затвор од четири години и шест месеци. Тој на 17 мај оваа година од слобода е лишен во Грција.