ДИК: СДСМ 36,48, ВМРО-ДПМНЕ 35,47, ДУИ 10,73, Алијанса и Алтернатива 8,41

Од:

Од преброени гласови од 2.800 од вкупно 3.480 гласачки места или околу 80 отсто од избирачките ливчиња, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,48 отсто од гласовите пред Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 35,47.

Податоците објавени од Државната изборна комисија во нивното седиште, имајќи предвид дека веб страницата повеќе од еден час не им функционира, покажуваат дека за ДУИ гласале 10,73, за Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,41, за Левица 4, ДПА 1,41 и за Интегра 1,36 , а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто.

Според број на гласачи, од досега обработените податоци, за СДСМ гласале околу 232.000 избирачи, за ВМРО-ДПМНЕ 226.000, за ДУИ 67.000, за Алијанса 53.000, за Левица 25.500, за ДПА 9.000 и за Интегра 8.500.

Би можело да ве интересира

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски