ДИК: Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на листите за советници 114.778 гласа

Од:

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ на листите за советници освоила 403.193 гласа, а коалицијата „Сојуз за иднина“ на чело со СДСМ 288.415 гласа, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК).

Податоците се за обработени 2.920 од вкупно 2.976 избирачки места или 98,12 проценти.

За зедничките листи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Кичево гласале 14.910, а во Струга 14.193 гласачи.

За Скопје од обработени 507 од вкупно 536 избирачки места или 94,59 проценти за коалицијата „За подобра Македонија“ гласале 111.944, а за „Сојуз за иднина“ 74.218 гласачи.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија