ДИК: Радиодифузерите до 11 август да ги утврдат ценовниците за политичко рекламирање

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека најдоцна до 11 август 2017 година сите радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) се должни да ги утврдат ценовниците за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес, согласно со Изборниот законик кој за тоа има одредено рок од пет дена од денот на распишување на изборите.

– Во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите, најдоцна до 11 август 2017 година, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) се должни ценовниците да ги достават до Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата, а радиодифузерите да ги достават до Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупција, наведува ДИК.

Во периодот од утврдување на ценовниците до започнување на изборната кампања, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) се должни најмалку двапати јавно да ги објават ценовниците на своите програми, односно во своите изданија, и тоа во период од 11 август до 25 септември 2017 година.

– Согласно Изборниот законик, утврдените ценовници не смеат да се менуваат во текот на изборната кампања, посочува ДИК.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618