ДИК ќе го донесе конечниот извештај за јавниот увид во Избирачкиот список

Од:

Државната изборна комисија денеска ќе го донесе конечниот извештај за јавниот увид во Избирачкиот список за периодот од 23 февруари до 14 март 2019 година за спроведување на изборите за шеф на државата и на предвремените избори за градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар.

На денешната седница ДИК ќе ги разгледа и ќе пристапи кон одобрување на поднесените барања за добивање овластување за набљудувачи на претстојните претседалски избори, поднесени од ОБСЕ Канцеларија за демократски институции и човекови права – Мисија за набљудување на избори.

На дневен ред на седницата се Предлог – упатство за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за предвремените избори за градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар, Предлог – упатство за работа на општински изборни комисии и изборна комисија на Градот Скопје и Предлог – одлука за утврдување на максималниот износ на средствата потребни за изнајмување на простории во приватна сопственост за спроведување на гласање.

Членовите на Комисијата ќе расправаат и за Предлог – одлука за објавување на описите на избирачките места, како и за неколку предлог – заклучоци за примена акти.

На седницата ќе биде даден и конечниот извештај за Јавниот увид во Избирачкиот список за периодот од 23 февруари до 14 март 2019 година за спроведување на изборите за шеф на државата и на предвремените избори за градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар.

ДИк ќе донесе и конечен извештај во врска со поднесените пријави со кои граѓаните се пријавуваа за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија во странство, со предлог – заклучок.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%