ДИК го усвои финансискиот план за локалните избори

Од:

Државната изборна комисија на денешната седница го усвои финансискиот план за локалните избори што изнесува 138 милиони 540 илјади денари, а според законот дополнителни средства за овие избори треба да издвојат и општините.

Претседателот на највисокото изборно тело Борис Кондарко рече дека овие 138 милиони и 540 илјади денари се предвидени за локалните избори кои според законот се определени од страна на државата за ДИК, но согласно членот 88 став 4 од Изборниот законик бидејќи се работи за локални избори останатиот дел од трошоците за спроведување на изборите паѓаат на товар на локалните самоуправи.

– За нашите проценки општините се информирани навреме, како и министерствата за локална самоуправа и за финансии и Владата, изјави Кондарко.

Координаторот на работната група за финансискиот план, членот на ДИК Субхи Јакупи истакна дека околу 46 милиони и 500 илјади денари од предвидените средства се за изработка и печатење на гласачки ливчиња, околу 20 отсто од вкупните расходи се предвидени за изборен материјал односно печати, перничиња, ув спреј, ув ламби и друго… За првпат ДИК издвои средства и за печатење на Избирачкиот список за јавен увид во 36 подрачни единици на Комисијата и изводи за гласање за прв и втор круг и евентуално прегласување, и посебни изводи за лицата кои гласаат ден пред изборите. Досега печатењето го правеше Државниот завод за статистика.

Пари, меѓу другото, се издвоени и за помошните тела што ДИК секогаш ги ангажира, за едукација на Општинските изборни комисии (ОИК) кои пак треба да ги обучат Избирачките одбори и за прирачници за сите членови и заменици на ОИК односно за ИО.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто