ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Од:

Денеска се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, како и на лицата кои се на издржување казна затвор или притвор, за повторните избори за градоначалници во општините Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа.

– Вкупно 249 болни или немоќни лица можат да го остварат своето право на глас на овие избори. Од нив, 146 лица се пријавени за гласање во Гостивар, 32 болни или немоќни лица имаат право да гласаат во Врапчиште, 69 лица може да гласаат за градоначалник на општина Маврово и Ростуше и две лица може да гласаат за градоначалник на општина Центар Жупа, соопшти Државната изборна комисија.

Со почеток во 7 часот во седум казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 94 лица кои се на издржување казна затвор или притвор.

– Гласањето започна утринава во 7 часот и досега се одвива непречено, без проблеми, велат од ДИК.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата