А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ДИК: Гласањето се одвива мирно и без никакви проблеми

by А1он14/07/2020 - 13:25232
Share0

Гласањето во 17 домови за стари лица низ државата се одвива одлично и без никакви проблеми, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Дерковски, при посетата на гласачкото место во Домот за стари лица во Катланово.

Следете a1on на Instagram Instagram

Денеска гласаат и болните и изнемоштени лица и луѓето коишто се сместени во Казнено-поправните установи, што значи вкупно некаде околу 11 илјади лица ќе го искористат своето право на глас.

– До пладне, до овој момент немаме пријави за никакви инциденти и денот се одвива навистина мирно што исклучително ме радува затоа што очигледно расте граѓанската свест кај нашите граѓани за своето право и обврска да излезат на избори и да го искористат своето право на глас. Се надевам дека до крајот на денот нема да има никакви проблеми и дека овој ден ќе заврши исклучително мирно и тоа во услови на пандемиска криза КОВИД -19 каде што организациски беше многу тешко да се направат максимални напори да се организира овој процес, но еве на крајот гледате дека навистина се одвива добро, изјави Дерковски.

Гласањето во старските домови првпат се одвива во нашата држава, со што постарите сограѓани за првпат официјално имаат право да го остварат своето гласачко право во онаму каде што се сместени.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Навистина ми е драго што присуствував на овој настан затоа што исклучително добро е организирано ова гласање. Во 17 домови за стари лица низ нашата држава се одвива ова гласање и досега имаме информација дека се одвива одлично без никакви проблеми, изјави Дерковски.

dikizbori 2020

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 14:0319/10/2026 - 14:19

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ18/10/2026 - 16:2118/10/2026 - 19:21

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

Горан Наумовски18/10/2026 - 10:36

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Горан Наумовски17/10/2026 - 18:06

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски29/09/2026 - 12:1429/09/2026 - 12:26

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Горан Наумовски24/03/2026 - 10:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео