ДИК ги запре дејствијата за предвремените парламентарни избори поради вонредната состојба за справување со Ковид-19

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница донесе заклучок за запирање на дејствијата за предвремените парламентарни избори што требаше да се одржат на 12 април постапувајќи по Уредбата со законска сила што ја донесе Владата на Република Северна Македонија.

-Се запираат сите понатамошни дејствија и активности на Општинските изборни комисии. Сите изборни дејствија кои се преземени до 22 март 2020 се сметаат за важечки. Сите преостанати дејствија што произлегуваат од Изборниот законик ќе бидат предвидени во ревидираниот роковник што ДИК ќе го донесе веднаш по укинувањето на вонредната состојба со донесувањето на нова уредба на Владата за продолжување на изборниот процес, рече претседателот на ДИК Оливер Деркоски предлагајќи го заклучокот.

Деркоски исто така посочи дека ДИК ќе ја чува и обезбедува изборната документација до спроведување на изборните дејствија и изборите.

Државната изборна комисија, како што појасни, Деркоски веднаш по изменетата ситуација односно по носењето на новата уредба на Владата за продолжување на изборните дејствија ќе мора да донесе ревидиран роковник за изборите.

-Ова, пред се, се однесува на Избирачкиот список, дејствијата што се поврзани со него, увидот, заклучувањето на Ибзирачкиот список и друго, информираше Деркоски.

Владата на Република Северна Македонија на синоќешната 25 седница донесе Уредба со законска сила за прекин на сите дејствија за спроведување на изборите на 12 април и за сите прашања поврзани со изборниот процес, соопшти владината прес-служба.

Оваа одлука Владата ја донесе заради вонредната состојба прогласена за ефикасно спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, и заради тоа што Собранието на Република Северна Македонија не се состанува за да ја поништи одлуката за распуштање.

Со оваа Уредба Владата ја задолжи ДИК да ја обезбеди и чува постојната изборна документација до продолжување на спроведувањето на изборните дејствија и изборите, кои ќе продолжат откако ќе биде прогласен престанок на вонредната состојба.

Уредбата исто така, определува задолжување за ДИК во рок од еден ден од денот на престанок на вонредната состојба да објави на својата веб страница ревидиран роковник за продолжување на изборните дејствија.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања