(ВИДЕО) ДИК ги објави конечните резултати: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44 пратенички мандати

Од:

Според конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули, Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат.

Како што информира на денешната седница претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, во првата ИЕ Коалицијата „Можеме“ освои осум пратеници, ВМРО-ДПМНЕ седум, ДУИ два, Алијанса на Албанците и Алтернатива два и Левица еден пратеник.

Во ИЕ2, ВМРО-ДПМНЕ и „Можеме“ освоија по седум мандати, ДУИ три, АА/А три пратеници. Во ИЕ3, ВМРО-ДПМНЕ освои 10 пратеници, „Можеме“ девет и Левица еден пратеник.

– Во ИЕ4 мандатите ги поделија ВМРО-ДПМНЕ и „Можеме“, односно по 10 пратеници. Во ИЕ5 ВМРО-ДПМНЕ и „Можеме“ освоија по осум пратеници, ДУИ три, и АА/А еден пратеник. Во шестката, ДУИ освои седум, АА/А шест, „Можеме“ четири, ВМРО-ДПМНЕ два и ДПА еден пратеник, рече Деркоски.

СДСМ и коалицијта освоиле 327.329 гласа, или 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоиле 315.344 гласа, или 44 мандати, ДУИ 104.699 гласови, односно 15 пратенички места, Алијанса за Албанците 81.827 гласа, 12 пратеници, Левица 37.426 гласа, а тоа се два пратеника во новиот собраниски состав, и ДПА 13.930 глас, односно едно пратеничко место, истакна Дерковски.

Во ИЕ 1, Коалиција СДСМ освои 54.000 гласови, 31,15 проценти, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 50.564 гласови – 31,63 проценти, ДУИ 19.488, 12,19 проценти, АА 14.337, 8,97 проценти, ЛЕВИЦА 12.000 7,51 процнети и ДПА 2,446 или 1,53 процнети од гласовите.

– Во Изборна единица 2, Коалиција СДСМ 47.891,31,21 посто , Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 47.929, 31,24 проценти, ДУИ 22.374, или 14,58 проценти, АА 20.912 или 13,63 проценти, ЛЕВИЦА 5.896 или 3,84 проценти и ДПА 2,517 или 1,64, појасни Деркоски.

Во ИЕ 3 Коалиција СДСМ 66.853 гласови 42,81 процнент, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 71.551 или 45,82 проценти, ДУИ 3.331 или 2,13 процнети, АА 992 или 0,64 проценти, ЛЕВИЦА 6.939 или 4,44 проценти и ДПА 242 гласови.

Изборна единица 4 – Коалиција СДСМ 77.195 гласови или 46,76 процненти, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 74.478 или 45 процненти, ДУИ 293, АА 213 и ЛЕВИЦА 6.835 или 4,14 проценти.

Како што рече, во Изборна единица 5, Коалиција СДСМ 56.622 гласови или 36,67 процнети, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 55.159 или 35,72 проценти, ДУИ 21.745 или 14,08 проценти, АА 10.716 или 6,94 приценти, ЛЕВИЦА 4.715 или 3,05 проценти и ДПА 781 гласови или 0,51 процент.

Во Изборна единица 6 Коалиција СДСМ 24.229 или 19,67 проценти, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 15.663 или 12,71 процент, ДУИ 37.468 или 30,41 процент, АА 34.450 или 27,96 проценти, ЛЕВИЦА 1.041 или 0,84 од гласови и ДПА 9083 гласови.

Прашан какви беа очекувањата за изборите, Деркоски истакна дека изборите во специфични услови во коишто се одвиваа завршија добро. Првпат нашата држава, како што рече, се соочила со организација на избори во специфични услови, во пандемија од КОВИД -19 и за сите нас беше тоа предизвик. Додаде дека првиот, вториот и третиот ден од изборите поминале добро без забелешки а тоа го констатирало и МВР.

– Од февруари наваму во еден петмесечен период ДИК беше во интензивни активности за припрема и организација на овие избори коишто завршија. Мислам дека јавноста ќе се сложи и со нас дека првиот ден помина одлично на гласањето, вториот ден исто така без забелешки иако имаше зголемен број на пријавени за гласање во домашни услови и третиот ден, исто така помина одлична во смисла на организација, спроведување, одвивање на гласањето, немаше никакви посериозни забелешки од страна и на граѓаните и на присутните коишто го набљудуваа процесот и она што се случи вечерта со објавувањето на резултатите, вие сте сведоци дека беше предмет на напад од надвор. Впрочем, тоа го кажа вчера и МВР. Кога ќе заврши истрагата таму и комплетно ќе бидете навремено известени, рече Деркоски.

После 12 часот се поканети сите пратеници да си ги подигнат уверенијата од просторијата на ДИК.

Би можело да ве интересира

ДИК: Од преброени 89,98 отсто од избирачките места, Силјановска Давкова има 324. 177 гласа, Пендаровски 161. 393

Сиљановска води со над 100.000 гласови пред Пендаровски во обработени 2.575 избирачки места

Сиљановска со двојно повеќе гласови од Пендаровски во 1.650 обработени избирачки места

Александар Тодески

(ВИДЕО) ДИК: Одѕивот до 18.30 часот е 48,46 проценти

Орце Костов

ДИК: Одѕивот до 18 часот е 47,61 отсто

(ВИДЕО) Одѕивот на изборите до 17 часот е 44,18 отсто

Горан Наумовски