(ВИДЕО) ДИК: До 10 часот гласале 80.568 лица

Од:

До 10 часот на првиот круг од Претседателските избори на гласање излегле 80.568 гласачи од вкупно запишаните 1 808 131.

Одѕивот до 10 часот е 6,05 %. Најмалку гласачи – 0,97 излегле во Липково, а најмногу 11,48 во Свети Николе, соопшти портпаролот на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска.

Висок одѕив е забележан и во Прилеп 11,05 отсто, Пехчево 10,22 отсто, Новаци 10,63 отсто, Демир Хисар 10,12 отсто и Македонски Брод 10,11 отсто.

Покрај Липково, со мал процент излезени гласачи се издвојуваат Боговиње 1,79 отсто, Долнени 1,85 отсто, Желино 1,82 отсто и Пласница со 1,58 отсто.

Гугучевска додаде дека на гласачките места веќе три и пол часа гласањето тече без некои неправилности.

ВО ЖИВО ОД ДИК: Oдѕив до 10 часот

ВО ЖИВО ОД ДИК: Oдѕив до 10 часот

Posted by A1on.mk on Недела, 21 април 2019

„Навреме се отворени сите гласачки места со исклучок на едно гласачко место во Боговиње каде имало задоцнување од 1 час и за толку ќе биде продолжено гласањето. Едно гласачко место во општина Студеничани 2344 до овој момент се уште не е отворено. Со оглед дека отворањето доцни повеќе од три часа таму гласањето денеска нема да започне“, соопшти Гугучевска.

„Откако ќе се соберат резултатите ќе се одлучува дали ќе има прегласување. Има 60-70 гласачи на избирачкото место 2344 и во зависност од тоа дали ќе влијаат на конечниот резултат ќе се одлучи дали ќе има прегласување на тоа избирачко место“, велат од ДИК.

Изборите ги следат 3150 домашни, 419 странски набљудувачи о 20 странски новинари за кои ДИК има издадено акредитации.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%