Дијализа во странство на товар на ФЗОМ

Од:

Осигурениците кои привремено престојуваат во странство, на товар на Фондот за здравствено осигурување  на Македонија (ФЗОМ) еднаш во годината и не подолго од 30 дена, можат да користат дијализа во странска здравствена установа.

Ова се овозможува откако ФЗОМ во својата правна регулатива го воведе правото на дијализа во странство на товар на Фондот.

На денешната прес-конференција директорот на ФЗОМ Јован Грповски информира дека платените здравствени услуги Фондот ги признава во висина на утврдената референтна цена за дијализа (во износ од 4.855 денари), намалени за висината на пропишаното учество, врз основа на поднесено барање од осигуреното лице.

Грповски ја објасни процедурата која, како што рече, е едноставна. Треба да се поднесе барање на пропишан образец, да се достави медицинска документација за извршената дијализа, потврда дека е платено и трансакциска сметка на која се бара да се направи рефундацијата.

– На овој начин на пациентите им овозможуваме да можат да отидат на годишен одмор, да посетат роднини и пријатели во странство. Ова беше барано токму од осигурениците преку Здружението, истакна Грповски. Истакна дека оваа измена е резултат на соработката на ФЗОМ со невладиниот сектор и додаде оти произлегла како иницијатива на Здружението на пациенти со бубрежни заболувања „Нефрон“.

Љубинко Трпеновски, претседател на „Нефрон“ изрази задоволство од ова право и укажа на добрата соработка со ФЗОМ. Потсети дека претходно се извршувале по 6 трансплантации  годишно, а сега 41.

Според „Нефрон“, претходно Фондот не ги признавал трошоците за направена дијализа надвор од државата, кои се движеле од 150 до 600 евра по дијализа.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

Орце Костов

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај