Дијагнозата е поставена, лекувањето започнува

Од:

Долго, можеби предолго бев во дилема дали да го пишувам овој текст. Ме мачеше прашањето дали треба да реагирам на менталните загадувачи на јавниот медиумски простор, на небулозите што републиканско-курирските трујачи ги пласираат низ текстот со кој тие реагираат на „опасните платени пропагандисти”, дел од емисијата Топ Тема посветена на пропаднатиот проект екстерно тестирање. Но, мислата дека медиумскиот простор треба да го разбиструва јавното мнение ме поттикна и јас да се нурнам среде „бурата во чаша вода“ со која некој само ги нагласува своите полтронство и вождољубие. Тоа е некоја толку „силна личност“ што нема смелост ниту да се потпише.

Е ова е сепак добар знак зашто, рака на срце, зад ваков текст не би се потпишал никој кој е барем малку нормален. Низ текстот само манипулира сметајќи на оние кои не ја гледале посочената емисија. Нема ниту збор за исцрпните анализи за недостатоците и пропустите на екстерното и како истите да се надминат што Младински образовен форум ги направил според истражувањата на неколку релевантни институции, а што претставничката Дона Костуранова така разложно ги изнесуваше. Згора на тоа, таа и не изрази став за укинување на екстерното, туку изнесе опции за негово трансформирање во вистински образовен сегмент. Немајќи аргументи против вака образложени и изложени гледишта, полтронот, во текстот, се задржува исклучиво на изворот на приходи на организацијата, а повеќе од јасно е дека, да има тука нешто погрешно, УЈП, машата на вождот, одамна ќе ја закатанчеше организацијата во челични букагии. И грешката ти била што ги финансирал Џорџ Сорос, унгарски Евреин. А која е матичната држава на Евреите? Изреал!

А каде летаа братучедите секоја година со полни торби? Во Изреал! А каде се шепуреше вождот Грујо со своите екстремно скапи очила за сонце што чинат колку ТРИНАЕСЕТГОДИШНА (не е грешка) плата на наставник? Во Тел Авив! А чиј главен град е Тел Авив? Па, на Изреал! Од каде купуваше големиот братучед софистицирана опрема за прислушкување? Од Изреал! Од каде трбаше големиот братучед да ја подигне провизијата, пардон, донацијата за државата? Од банка во Будимпешта, Унгарија! А чии се сите банки во Унгарија? На Џорџ Сорос! И сега, кој е во поголема спрега со Сорос, Костуранова или братучедите?

Ниту кај наставникот Владо Димовски не беа во прашање неговите анализи и истражувања за лошите потези на Министерството за образование и наука, туку тоа што тој работел во општина Студеничани, што бил дел од Наставнички пленум, што се ангажирал околу бегалците во бегалската криза.

Зборувај за се, само не за суштината, лошите потези во образованието, последиците од нив и како да се почне со лекувањето. А дека нешто не чини во образованието ви е јасно и вам полтрони што (за лица се употребува кои, ама вие сте што) се претставувате како републиканци, а поддржувате диктатор, што е чист ОКСИМОРОН (остратапост) со акцент на ТАПОСТ!

Сакам да верувам дека ти е јасно и тебе Љупчо, голем уреднику, зашто ти бев професор во дамнешната 1991/92 и добро знаеш дали сум таков каков што сакате да ме прикажете. А, ако си заборавил, можеше да го прашаш внук ти кому мубев професор во изминативе 4 години. Можеше да ја прашаш и Маја на која 2 години и бев класен раководител, па белки преведувачите кај вас имаат право нешто да кажат? Или можеби грешам? Па, да. Полтронот не смее да мисли и да чувствува. Тој само треба да има добро исшмирглан, измазнет јазик. А ако сакаш да ја вовлекуваш главата во, ај да речам песок, наскоро ќе се соочиш со тоа од кое бегаш кога твојот наследник ќе тргне на училиште. Тогаш ќе сфатиш што зборуваме ние борејќи се против СИЛУВАЧИТЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО! Тогаш ќе сфатиш зошто еден средношколски професор, учител по вокација, е среќен што неговите ученици И ЗНААТ И СМЕАТ да си го кажат своето мислење, да покажат дека се луѓе дека чувствуваат и размислуваат (тоа што најмногу им пречи на тоталитарните системи, тоа од што најмногу се плашат диктаторите).Е, тоа е таа класична, невешта манипулација. Тоа е тоа мавтање во празно на грогираниот боксер. Се повеќе ви станува јасно дека го браните она што не може да се одбрани. Дијагнозата е поставена. Лекувањето запчнува.

Недоветните потези на МОН ги раздвижија студентите. Недоветните и насилнички потези на МОН ги раздвижија средношколците, ги разбудија наставниците. Тргна ветрот што почна да го расчистува нашето затруено општество. Е, за ова сум му многу благодарен на МОН и на неговата недоветност. А и вам курири сум ви благодарен што го спотнавте огнот во мене, па да одржам јавен час на тема манипулација и полтронство, сериозни болести што 10 години не разјадуваат. Ова особено им го упатувам на моите некогашни ученици, на овој или на оној начин наклонети кон вмро-дпмне. Оние во кои се уште верувам и кои длабоко во себе се огорчени.Оние кои знаат дека зад етнофилетизмот на вождот се кријат крвави злосторнички траги. Оние кои знаат дека вистинското општество се базира на рамноправност и еднаквост пред законите. Оние кои знаат дека владата треба да му е слуга на граѓанинот и живее од неговите даноци. Оние кои клиентелистички ја продале својата човечност. Оние кои знаат дека злосторничкото здружение на фамилијата и нејзините полтрони се најголемата закана за Македонија. Оние кои, длабоко во себе, знаат дека полтронството и клиентелизмот се ИЗБОР, а НЕ ПРИНУДА!

Професор Душко Стојановски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска