Девојка нападнала полицаец кој сакал да ја спречи да се тепа со врсник

Од:

19-годишна девојка вчера се степала со 20-годишно момче во скопската населба Аеродром, а потоа и нападнала полицаец кој интервенирал во тепачката, соопшти полицијата. Двајцата учесници во инцидентот немале лични документи, додаваат од МВР.

„На 18.04.2021 околу 15.05 часот во Полициската станица Аеродром биле приведени А.М.(20) и В.А.(19), двајцата од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка на бул.„Јане Сандански“ и притоа немале документи за идентификација. Потоа В.А. физички нападнала полициски службеник кој вршел службени дејства,“ велат од полицијата.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ