РГЕЛОВА давала координации на телефон како да постапува толпата за време на нападот на општина Центар.
РГЕЛОВА свесно го ставила во опасност животот на своите колеги… Не постои лидер кој би ме натерал да им го направам тоа на моите колеги- советници.
Девојче, и после се`, Ти сакаш да се занимаваш со политика и да Те гласа народ?! Навистина, Девојче, што им кажа на Твоите на семејниот ручек истиот ден? Со кого денес гледаш вести и дали имаш сила да ги погледнеш присутните во просторијата?
Девојче, “отличен пројекту”, што одбрана ќе имаш кога ќе бидеш пензионер, со седа коса и без толку шминка пред Твоите внуци кога ќе Те запрашаат за случајов?! Или можеби и нема да се случи вакво прашање, можеби ќе ги купиш со комодитет од државни пари.
Но, на секој повик: “Бабо, може ли да те прашам нешто?” верувај дека ќе стравуваш. Тоа се тие мали работи кои го отежнуваат/ олеснуваат животот.
Девојче, животот е подлабок отколку проектот “Две шлаканици”.
Кажи му и на Никола. Секоја болест е проследена со симптоми. Без исклучок. Најчесто изгледаат банални, но токму тие ја диференцираат дијагнозата.
Дејан Блажески