Девојче е првото родено дете во 2015 година

Од:

Девојче тешко 3,5 килограми е првото родено дете во 2015 година. Мајката Оливера Лазаревска од Кавадарци, се породила веднаш по полноќ, со царски рез на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и е во добра  здравствена состојба.

– Првото бебе родено оваа година е трето дете на семејството Лазаревски. Му посакуваме многу здравје и среќа, изјави министерот за здравство Никола Тодоров кој денеска заедно со министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов  и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски ја посети гинеколошката Клиника.

Тодоров, Спасов и Трајановски на мајката традиционално и подарија златна монета и плакета.

Како што рече министерот Спасов, Лазаревска со оглед дека е мајка на три деца, десет години секој месец ќе прима надомест од околу 8.000 денари. Моментно ваквата бенефиција ја користат 17.686 мајки.

На семејството Лазаревски многу здравје, среќа, успех и бериќет им посака и градоначалникот Трајановски.

Женското бебе Миа има две поголеми сестрички од 18 и 16 години.

Според директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство Марија Хаџилега, од полноќ до сега имало три породувања од кои покрај првото женско бебе на свет се донесени уште две машки. Едното од нив е бебе на медицинска сестра вработена во Клиниката.

Изминатата 2014 година Клиниката за гинекологија ја завршила со 6.000 породувања. 

Би можело да ве интересира

Во Македонија наталитетот се зголемува, а негативен е природниот прираст

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот