Деветта Школа за млади лидери на претседателот Иванов од 20-ти до 30 август

Од:

Четириесет учесници и триесетина предавачи од Македонија, Европа и светот ќе бидат дел од деветтата Школа за млади лидери која ќе се одржува во Струга од 20-ти до 30 август. На свеченото отворање на Школата в понеделник во Струга, покрај претседателот Иванов, обраќање ќе има и поранешниот претседател на Летонија Валдис Затлерс.

Оваа година програмата на Школата за млади лидери ќе биде фокусирана на најдобрите практики и знаења за развој на еко-системи за поттикнување на стартап, мали и средни претпријатија, како и деловното истражување и иновациите воопшто.

Меѓу предавачите годинава ќе бидат Дејвид Голдсмит, еден од водечките експерти за бизнис-менаџмент и лидерство, Озгур Торт, главен извршен директор на „Мигрос груп“, Штефан Петер, претседател на Извршниот одбор на „ЕВН Македонија“, Пинар Ајваз Арикан, генерален директор на „Туркиш ерлајнс“ во Скопје, Есер Џевахир, директор на „Џевахир холдинг“, Сани Шенер, извршен директор на „ТАВ аеродроми“, Бајбарс Алтунташ, претседател на Инвестициониот форум за светски бизнис-ангели, Дејвид Бекет, TEDx тренер, Снежана Живчевска-Сталперс, менаџер на проекти во ИБМ.

Од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија соопштија дека предавања на Школата ќе одржат и други истакнати поединци, лидери на успешни компании, и претставници на етаблирани институции од Македонија, Европа и светот.

Школата за млади лидери е лична иницијатива на претседателот Ѓорге Иванов. Програмата на Школата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични вежби.

– Идејата на претседателот Иванов е да се овозможи на младите талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности, соопшти Кабинетот на Иванов.

Во изминатите осум години на школата учествуваа 320 млади луѓе и над 180 реномирани предавачи. Школата за млади лидери беше прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот форум на бизнис-ангели.

Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, коешто низ семинари, панел-дискусии, предавања и учества во младински настани, овозможува продолжување на развојот на нивните знаења и вештини.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски