Девет словачки полицајци во заедничка патрола со македонски колеги на границата со Грција

Од:

Врз основа на Меморандумот за разбирање помеѓу министерствата за внатрешни работи на Република Словачка и на Република Македонија, во земјата пристигнаа девет припадници на полицијата на Република Словачка и пет полициски возила.

Амбасадата на Република Словачка во Скопје денеска соопшти дека словачките полицајци ќе спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција,
со цел превенција во областа на јавната безбедност и неовластеното преминување на државната граница.

– Полицајците ќе бидат соодветно опремени со теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полицициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Кривична за тројца полицајци – дозволиле да застари дисциплинската против колега осомничен за кражба на културно наследство

Само дисциплински за полицајците од Тетово, осомничени за три кривични дела

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Пет Кинези илегално влегле во Македонија –добија парична казна, депортација и забрана за влез

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Во Германија: Вооружена жена се забарикадира во болница

Горан Наумовски