Девет од пријавените 10 конзорциуми се квалификуваа за втората фаза за ХЕЦ Чебрен

Од:

Владата вчера на 53. седница ја разгледа и усвои Информацијата за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река (ХЕЦ Чебрен) заедно со Извештајот за спроведена евалуација на пристигнатите пријави за учество во Фаза 1 – претквалификација.

Според евалуацијата на валидните пријави, од пријавените десет кандидати, Комисијата за евалуација изготви листа на компании кои ги исполнуваат условите од претквалификацијата и тоа се: Конзорциум ЕNКА – COLIN – Турција; Конзорциум PPC – ARCHIRODON – Грција; EDF – Франција; Конзорциум COBRA – COBRA HIDRAULIKA – Шпанија; Конзорциум EVN AG – VERBUND – Австрија; WEBUILD SPA ITALIA (SALINI) – Италија; GEZHOUBA GROUP – Кина; POWER CONSTRUCTION CORPORATION OF CHINA – Кина; и Конзорциум OZALTIN – YAPI MERKEZI – Турција.

Врз основа на оваа евалуација, Владата ја задолжи Комисијата за спроведување постапка за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река во рок од седум дена да ги информира сите девет конзорциуми што ја поминаа оваа фаза на претквалификација дека е им одобрено да ја продолжат постапката во втората фаза.

Би можело да ве интересира

Продолжува штрајкот на специјализантите: „Нема желба од Владата да се решат нашите проблеми“

Орце Костов

(ВИДЕО) Немаме партиски, имаме крводарителски книшки: Специјализантите штрајкуваат и чекаат одлука на Влада

Орце Костов

Шукова: Во подготовка е одлуката за поништувањето на постапката за Чебрен

Предраг Петровиќ

Бесими: Не е реално да се очекува нов тендер за Чебрен пред избори

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов

Шукова: Тендерот за ХЕЦ Чебрен пропадна