Мицкоски: Многу блиску сме до одлука сами да го градиме Чебрен и Галиште

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека реализацијата на проектот Чебрен и Галиште е стратешки проект не само за Македонија како држава, туку и за регионот. Освен зголемувањето на производството на енергија, смета дека можеби многу поважно е и што со него ќе се создадат два резервоара на питка вода. Затоа, вели, државата треба да се обиде да смогне сили и сама да го финансира овој проект по неколку неуспешни обиди за приватни партнерства и тендери. Според него, можеби ова е амбициозна најава, но не и невозможна и, како што нагласува, многу блиску се до конечна одлука државата сама да го гради овој проект.

– Една од иницијативите што ја имаме е сами како држава да го градиме целиот тој комплекс на централи на реката Црна над постоечката Тиквеш, во јавноста познат како проект Чебрен и Галиште. Направивме пресметки и цениме дека ова е стратешки проект, не само за Македонија како држава, туку и за регионот, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по поставување камен-темелник на доградба на училиште во Ѓорче Петров.

Досега, вели, имало многу неуспешни тендери, обиди за приватни партнерства, процеси поврзани со многу сомнежи.

– ​Доколку успееме да формираме синдикат на меѓународни финансиски институции, а разговорите се во таа насока, тогаш реално е да се очекува дека следната година ќе ставиме камен темелник на овој, би рекол, историски проект. Има многу причини за кои верувам и јас и колегите во Владата и во компанијата АД ЕСМ, поранешна ЕЛЕМ, дека треба да се обидеме, народски кажано, да стиснеме заби да го изградиме сами овој проект. ​Имајќи ги предвид климатските промени убеден сум дека не само на Македонија како држава, туку и во регионот ќе им требаат два резервоара за питка вода. А токму тие се тие акумулации, таков тип на резервоари, така што производството на електрична енергија можеби и не е примарен предизвик, можеби терцијален или четврти по ред, рече премиерот Мицкоски.

​Тој додаде дека овие количини вода, имајќи предвид оти од постоечката хидроцентрала Тиквеш се наводнуваат некаде околу 60 илјади хектари земјоделско земјиште, а фармерите од тој регион најмногу се занимаваат со производство на грозје, на вино, … само можат да го помогнат тој процес, па дури потоа да се зборува за производство на електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Од државотворна партија, СДСМ се претвори во група што брани лични интереси

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН – ЕКОСОК

Мицкоски: Во акцијата на Финансиската полиција опфатени поранешен прв човек на Царина, неколку вработени и еден „посредник“

Мицкоски: Нема да влезам во процес без гаранции за членство во ЕУ

Мицкоски: Обезбедуваме инвестиции, работни места и економски раст меѓу петте највисоки во Европа