Девет милиони денари за изградба и асфалтирање улици во Кочани

Од:

До крајот на годината oпштина Кочани ќе инвестира над девет милиони денари за реализирање програма за изградба и реконструкција на локалната сообраќајна инфраструктура.

Средствата се наменети за пробивање и асфалтирање на улиците „Блаже Поп Арсов“, „Ѓорѓи Пулевски“, „Стамен Манов“, „Вера Которка“ и „Кресненско востание“ со вкупна должина од над илјада метри.

– Градежните работи на дел од улиците се во тек и очекуваме да бидат комплетирани во период од два до три месеци. Најважно е што успеавме да постигнеме пониска цена со изведувачот на улицата „Кресненско востание“ и заштедивме над еден милион денари, што ќе овозможи да се прошири листата на улици за асфалтирање до крајот на оваа календарска година, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Во тек се градежните работи за асфалтирање на три крака од улицата „Вера Которка“, како и на улицата „Ѓорѓи Пулевски“ каде е предвидена изградба на неколку потпорни ѕидови, поставување примарна канализација и приклучоци кон водоводната мрежа.

Парите за асфалтирање на улиците „Блаже Поп Арсов“ и „Стамен Манов“ се обезбедени од Буџетот на државата, преку програмата за имплементација на Стратегијата и Декадата на Ромите, додека, пак, средствата за останатите улици се од Буџетот на општината со Програмата за изградба и реконструција на улици и локални патишта во 2018 година.

За асфалтирање се подготвува и локалниот пат од месноста Крушка до планинското село Полаки во должина од околу илјада метри, чија реализација е со средства обезбедени од Бирото за регионален развој и од буџетот на општина Кочани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат