Детскиот „ЗОО Фест 2014“ кој веќе седум саботи се одржува во Зоолошката градина во Скопје, денеска ќе ги има своето последно издание со што ќе го заокружи првиот серијал од фестивалот.
Фестивалот е наменет за најмладите, а во програмата вклучува забавна музичка програма со децата од фестивалот „Поточиња“, учење нови модерни танци со танцовиот клуб „Сонриса“ и едукација за животните во едукативното катче на „Се за роденден“.
Гостин на денешното издание на фестивалот ќе биде Влатко Лозаноски кој ќе изведе дел од своите хитови.
Како специјални гости на фестивалот, во изминатите негови изданија беа Панчо и Андреј ДНК, Симона Попоска и Дарко Илиевски.
Вториот серијал на фестивалот почнува во септември и ќе трае се до средина на октомври.