При дополнителен преглед на автобусот кој изгоре на автопат во Бугарија било пронајдено уште едно тело. Се работи за телот на дете. Со тоа бројот на жртви се искачи на 45.
Оваа информација ја потврди бугарскиот заменик главен обвинител и раководител на Националната истражна служба Борислав Сарафов, објавија бугарските медиуми.
„Во 21:15 часот во трагичната ноќ преку „Капитан Андреево“ влегле 52 патници, од нив во автобусот пронајдовме 45, а седуммина се во Пирогов. За жал нема уште еден спасен“, рече Сарафов.
Тој рече дека истражителот и обвинител испратени во Скопје ќе останат во Македонија до недела. Тие треба во Бугарија да ја донесат документацијата поврзана со изгорениот автобус и примероци од ДНК од роднини на загинатите. Веднаш потоа ќе почне и идентификација на жртвите.