Детали за ликвидацијата на македонскиот бизнисмен во Грција – Убијците избегале во Македонија или Бугарија?

Од:

Полицијата трага по „платените“ убијци на 39-годишниот сопственик на казино од Северна Македонија, кој ладнокрвно го егзекутирале во викендица што ја изнајмил на Халкидики.

Според упатени извори во истрагата се упатува на нарачана ликвидација. Изворот вели дека и сторителите се “увезени’ односно дека станува збор за странски државјани. Се сомневаат дека станува збор за македонски државјани бидејќи според она што досега се знае, се чини дека убијците ја следеле својата жртва од неговото родно место до областа Ханиоти на Халкидики.

Според непотврдени информации, 39-годишникот заедно со соработник се обидувал да се сокрие од своите убијци, токму во Грција, бидејќи  знаел дека за него има нарачка да го ликвидираат. Бидејќи пред неколку недели, според информациите на полицијата од властите на Северна Македонија, уште еден негов соработник бил убиен во нивната земја на потекло, пишуваат грчките медиуми.

Изгледа дека двајцата сторители добро ги проучувале нивните движења. Тие се качиле на мотор, се приближиле до изнајмената куќа и почнале да пукаат во нив. Испукале над 20 куршуми. 39-годишникот паднал мртов на лице место, додека неговиот 45-годишен партнер е повреден и е хоспитализиран во тешка состојба. Лекарите во моментов неможат со сигурност да кажат дали ја избегнал опасноста.

Џелатите на 39-годишниот маж биле „увезени“ на Халкидики пишуваат грчките медиуми и велат дека според извори на истрагата постои можност тие веднаш по настанот да избегале од Грција во правец на Северна Македонија, Бугарија или Туриција. Токму затоа интензивни се контролите на царинските станици на границите со Турција, Северна Македонија и Бугарија.

Поголемиот дел од овој вид убиства остануваат нерасчистени, не толку поради недостаток на докази туку поради можностите за бегство на убијците во балканските земји, но главно поради тоа што сторителите влегуваат во земјата. преку диви патеки и си заминуваат без да останат долго време во нашата држава, пишуваат грчките медиуми.

Полициските службеници за безбедност на Халкидики трагаат убијците. Се проверуваат и безбедносните камери на поширокото подрачје.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Потврдено обвинението против Беќировиќ, која со пиштол уби жена додека детето гледало

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина