Деспотовски ги кани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите за лидер на СДСМ и да одговараат на прашања

Од:

Јован Деспотовски еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички да организираат презентација на програмите.

„Ќе ги поканам моите партиски другари и кандидати за Претседател на СДСМ Фросина и Димитар заеднички да организираме презентација на нашите програми.

Заедно да се обидеме нашите идеи, концепт и мерки да стигнат до најширок број на наши сопартијци, пред луѓето што одлучуваат. Треба да обезбедиме еднаков пристап до сите наши членови и поддржувачи, кои не секогаш имаат можност да бидат поканети и присутни и да слушнат што нудиме. Затоа, имајќи ги предвид и кратките рокови предлагам презентацијата да биде он-лајн, со отворена можност за поставување на директни прашања.

Предлагам оваа активност да ја организираме во време и на локација што ни одговара на сите кандидати за претседател на СДСМ, вели Деспотовски

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!