Дескоскa: Транспарентноста и директната комуникација со граѓаните–најдоброто оружје во борбата против лажните вести

Од:

Во рамките на своето учество на Регионалниот форум за соработка, „Денешните предизвици, утрешни перспективи: Балканот во 2030“ кој се одржува во Грција, министерката за правда Рената Дескоска имаше обраќање на денешната сесија „Борба против лажни вести и дезинформации – Заштита на демократијата во дигиталната ера“.

Зборувајќи за ситуациите во кои граѓаните на нашата земја се најдоа во улога на емитери на лажни вести, каков што беше случајот со тинејџерите од Велес за време на претседателските избори во САД, но и за ситуациите во кои нашите граѓани беа цел на лажни вести, каков што беше случајот за време на референдумската кампања за Договорот од Преспа, Дескоска укажа на можните чекори за заштита на демократијата од лажните вести.

При тоа, таа истакна дека не го гледа решението во затворањето на веб порталите или цензурата на интернет, туку со воспоставувањето етички стандарди во работата на медиумите, но и самата Влада.

Според министерката Дескоска, Владата има своја одговорност во борбата против лажните вести „отвореност, транспарентност, навремено информирање и проактивна транспарентност, директна комуникација со граѓаните – тоа е најдоброто оружје во борбата против лажните вести, бидејќи истовремено ја зголемува довербата во Владата“.

Фокусирањето кон консументите на вестите и нивната навремена едукација е втората значајна работа што можеме да ја направиме за да го намалиме негативното влијание на лажните вести.

-Лажните вести се последната епизода на најстарата војна – војната помеѓу лагата и вистината. Во сказните, вистината секогаш победува. Во денешниот свет, победникот претендира да биде носител на вистината, бидејќи историјата секогаш ја пишуваат победниците, потенцираше Дескоска.

Регионалниот форум за соработка во Република Грција е платформа која овозможува прогресивен дијалог меѓу клучните актери од политичката, економската, академската, бизнис заедницата и граѓанското општество на Балканот. Форумот е регионална геополитичка иницијатива која цели кон мирно решавање на регионалните спорови и зајакнување на соработката помеѓу земјите од Балканот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Огнот го уништува грчкото одморалиште, наредена евакуација

ВИДЕО: Огромен пожар беснее на Крит, масовна евакуација на населението и туристите

Новиот грчки министер за миграција вели дека убивањето мигранти на граница е во ред

(ВИДЕО) Локализиран е пожарот кој избувна во близина на Кавала: Туристите добија итно предупредување

Горан Наумовски

Ослободен е македонскиот камионџија кој вчера беше уапсен во Грција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувнаа пожари во близина на Солун