Дескоска: СЈО згасна, но не и предметите кои ги отвори

Од:

Денеска стапува во сила новиот Закон за Јавното обинителство. Специјалното јавно обвинителство како институција формално згасна, но не и предметите кои ги отвори. Сите предмети, на кои работеше Специјалното јавно обвинителство се живи, новиот Закон дава јасна правна основа за нивно продолжување до конечни судски одлуки, изјави за МИА министерката за правда Рената Дескоска.

Борбата против криминалот и корупцијата, како што посочи таа, е долга и макотрпна и тоа се гледа не само кај нас, туку и во сите други држави.

-Земете ја за пример Италија која со години се бори со мафијата. Јасно е дека нема инстант решенија за правда, но тоа не треба да ја обесхрабри желбата за правда, ентузијазмот и посветеноста на институциите во борбата, ниту очекувањата на граѓаните за правда, вели Дескоска.

Според неа, обврската да се врати довербата во правосудните органи е најтешката и најзначајна обврска пред нас.

-Сега со зголемен буџет и отворен пат за зголемување на бројот на обвинителите, очекувам ентузијазам и пожртвуваност од сите обвинители, истражители и стручни соработници во борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и ефикасност во завршувањето на сите отпочнати постапки, вели во изјава за МИА министерката за правда Рената Дескоска.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда