Дескоска се сртена со претставници на Синдикатот на УПОЗ

Од:

Статутот и положбата на вработените во судската и јавнообвинителската служба, потпишувањето на социјален договор со Синдикатот на УПОЗ, како и за измените на Законот за судските службеници, биле теми на разговор на денешната средба на министерката за правда Рената Дескоска со претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани, Пеце Груевски.

– Моја искрена заложба е посигурно живеење и работење на граѓаните – отворени сме за соработка со Синдикатот на УПОЗ и социјалниот дијалог со синдикатот ќе го подигнеме на повисоко ниво за изнаоѓање решение за отворените прашања, истакнала Дескоска.

За време на средбата, од двете страни била изразена заложба за унапредување на натамошната соработката помеѓу Синдикатот и Министерството за правда во делот на законските измени кои се однесуваат на судските службеници.

Би можело да ве интересира

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

НАкС: МОН игнорираше голем дел од нашите предлози за високо образование

И УПОЗ утре ќе биде на блокадата на Собранието

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски