Дескоска: Официјално не е пристигната пресудата на грчкиот Врховен суд за Грујевски и Бошковски

Од:

Во македонското Министерство за правда се уште официјално не е пристигната пресудата на Врховниот суд од Атина за екстрадицијата на поранешни началници во МВР, Горан Грујевски и Никола Бошковски.

– Официјално ние уште не сме ја добиле, барем вчера што беше статусот во Министерството, бидејќи утрово доаѓам директно овде. Ја видов пресудата која е дадена до адвокатите и веќе слушнавме по медиумите дека се анализира. Има одредени аспекти кои може да бидат истакнати во новото барање за екстрадиција. Така одредени аспекти коишто се како аргумент плус за Македонија можат да бидат содржани во новото барање, а не се адресирани во пресудата која очигледно веќе судот ја напишал, изјави министерката за правда Рената Дескоска одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на дебатата за борба против корупцијата.

Врховниот суд во Атина на 18-ти мај годинава го одби барањето на македонското Министерство за правда за екстрадиција на бегалците Горан Грујевски и Никола Бошкоски.

Како поранешни началници во МВР, обвинети во случајот на СЈО „Тврдина“, Грујевски и Бошкоски илегално ја напуштиле Македонија и потоа беа фатени во Грција, при обид од солунскиот аеродром да заминат за Унгарија.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов