Десетина наставници во ОУ „Владо Тасевски“ заразени со коронавирус, училиштето целосно преминува на онлајн настава

Од:

Основното училиште „Владо Тасевски“ во скопската населба Козле од денеска во целост премина на онлајн-настава, поради тоа што со КОВИД-19 се заразени десетина наставници, како и ученици до трето одделение кои, според важечките здравствени протоколи, наставата ја следат со физичко присуство.

Од Општина Карпош потврдија дека настава на далечина ќе се следи затоа што има зголемен број позитивни на вирусот – десет возрасни од наставниот и од стручниот кадар, како и повеќе деца. Најверојатно училиштето ќе биде затворено две недели односно ќе се следат протоколите од Комисијата за заштита од заразни болести и насоките од Министерството за образование и наука.

Ова е прво целосно затворање на основно училиште во Карпош во оваа учебна година поради коронавирусот. Од Општината велат дека во останатите девет основни училишта на територија на Карпош состојбата со вирусот не е алармантна и наставата продолжува да се одвива со физичко присуство за помалите ученици и онлајн во погорните одделенија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он