Десетгодишната програма за образование им помогна на илјадници Роми

Од:

Програмата на образование на Ромите која траеше десет години им помогна на илјадници млади Роми во земјава да ги надминат потешкотиите поврзани со дискриминацијата и нееднаквиот пристап до образование и да станат професионалци кои иницираат промени во општеството, беше речено на денешниот завршен настан од десетгодишната Програма за образование на Роми, со наслов „Десет години подоцна: промените зад бројките“.

Програмата беше спроведена од Фондацијата Отворено општество Македонија, во соработка со детската фондација Песталоци од Швајцарија и Ромскиот образовен фонд од Будимпешта. На завршната конфоренција говореа директорката на Програмата, Споменка Лазаревска, амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс и директорот на Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците Реџеп Али Чупи, кој е некогашен стипендист на Програмата.

974337_10203998876747461_1238654540_n

-Им се радувам и ги очекувам вашите постигнувања како докажани професионалци во вашите области, како лидери на промените во ова општество, им се обрати амбасадорот Волерс на присутните ученици, студенти, дипломци и поранешни стипендисти на Програмата. -Програмата помогна многу средношколци и студенти Роми денеска да бидат проактивни индивидуи во македонското мултикултурно општество и истите тие да придонесуваат за развојот на тоа општество, рече Реџеп Али Чупи.

Од 2004 година до денес, вкупно 298 средношколци и 89 студенти Роми завршија средно образование и универзитет со стипендии и поддршка на УСАИД. Преку 450 наставници од проектните основни училишта и 156 средношколски наставници добиле обука од различни области на образованието, за социјална правда и интерактивни наставни методи.

Оваа Програма ги интегрираше родителите на учениците и стидентите Роми, обезбеди обука за наставниците и техничка помош за седум основни училишта во Скопје, Куманово и Прилеп, секојдневна дополнителна образовна поддршка за предучилишните деца и за основците вклучени во проектот, како и стипендии, менторство/туторство и дополнителна акдемска поддршка за средношколците и студентите Роми.

Како резултат на успешната примена на активностите од Програмата, Министерството за образование и наука целосно го презеде стипендирањето и менторирањето на средношколците Роми во Македонија.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска